
Професионалната Асоцијација на фудбалери од Англија (ПФА) и оваа година го избра тимот на сезоната во Премиер лигата за сезоната што измина. Манчестер Сити уште еднаш се искачи на тронот во Англија, а второпласиран беше тимот на Ливерпул кој ја загуби титулата во последното коло од шампионатот.
Ливерпул е застапен со дури шест фудбалери, додека Сити во тимот има тројца играчи. Останатите двајца играчи се од Челси и изненадувачки Манчестер Јунајтед, кој е најголемо разочарување во Премиер лигата за изминатата сезона. Најдобар тим според Професионалната асоцијација на фудбалери во Англија:
Алисон, Александер Арнолд, Ридигер, Ван Дијк, Кансело, Тијаго Алкантара, Бернардо Силва, Кевин Де Брујне, Мо Салах, Садио Мане, Кристијан Роналдо.