Избрана новата Влада на Кувајт

Избрана е новата Влада на Кувајт на чие чело останува шеикот Ахмад Наваф ал Ахмад ал Сабах, јавија кувајтските медиуми.

Бизнисменот Саад ал Барак е назначен за нов министер за нафта, во Влада во која има 15 министри, додека Манаф Абдулазиз ал Хајри е реизбран на функцијата министер за финансии.

Шеикот Ахмад ал Фахад ал Ахмед ал Сабах е назначен за министер за одбрана.

Кувајт има нафтени резерви кои се меѓу најголемите во светот, но политичките расправии и институционалниот метеж ги попречуваат инвестициите и реформите кои, како што наведуваат медиумите, имаат за цел да ја намалат неговата голема зависност од приходите од нафта.