Избрани 10 кандидатки за „Мис на вештачка интелигенција“, наградата е 13.000 долари

Организаторите на Светските награди за креатори на вештачка интелигенција (WAICA) објавија дека жирито избрало 10 финалистки на светскиот натпревар за Мис на вештачка интелигенција или „девојки“ кои се создадени со помош на вештачка интелигенција.

Наградите ќе бидат доделени по потесен избор кој го оценува не само физичкиот изглед на моделот со вештачка интелигенција, туку и креативноста на креаторите при креирањето детали и квалитетот и регуларноста на комуникацијата со фановите преку социјалните мрежи како што е Инстаграм.

„WAICA е првата глобална програма која ги препознава достигнувањата на креаторите на вештачка интелигенција ширум светот“, се вели на веб-страницата на организацијата.

Во топ 10 се најдоа Кенза Лејли од Мароко, Оливија Ц од Португалија, Ане Керди од Франција, Зара Шатавари од Индија, Ајана Реинбоу од Романија, Лалина од Франција, Серен Ај од Турција, Елиза Кан од Бангладеш, Асена Илик од Турција и Аилја Лу од Бразил.

Првата награда за „Мис АИ“ е 13.000 долари, од кои креаторот на победничкиот модел ќе добие 5.000, додека остатокот ќе го вложи во ПР и дообразование.