Избрани младенците за традиционалната Галичка свадба

Месната заедница Галичник соопшти дека се избрани новите зет и невеста за овогодинешната Галичка свадба.

-Овогодишен зeт е Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески, долгогодишен учесник на Галичка свадба како и дел од организацијата на повеќе настани во Галичник, додека невестата е Елисавета Булоска со потекло од Охрид, се вели во соопштението.

Двојката ги исполнува сите потребни услови за учество во Галичката свадба.