Најмалку 1.000 кандидати се избрани од 200.000 пријавени за колонизација на црвената планета.
Првата селекција на луѓе кои ќе патуваат на Марс без можност за враќање е одбрана од фондацијата „Mars one“, пренесе АФП. Целта на мисијата е Марс да биде населен до 2025 година.
Откако биле извршени голем број на тестови, Фондацијата избрала 1.058 лица, од кои 586 мажи и 472 жени, со просечна старост од 35 години. Колонизаторите на Марс се одрани врз основа на строги критериуми и бројни селекции, меѓу кои и „цврст дух“, „чувство за игра“ и „добро расудување“.
Проектот е замислен да се одвива во повеќе етапи, во првата етапа во 2015 година, од 6 до 10 екипи кои ќе бидат составени од по четири луѓе ќе имаат подготовки за заминување на Марс.
Прва заминува екипата која ќе биде најдобро подготвена и која ќе има задача на Марс да пронајде извор на кислород, вода и да почне да одгледува нешто што ќе може да се прехрани. Втората екипа заминува во 2018. година.
Целиот проект чини над шест милијарди долари.