![jokik](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/jokik-2.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Во изминатата вечер беа избрани и стартерите за „Ол-Стар“ викендот во НБА.
Никола Јокиќ втора година во низа е избран во стартната петорка на Западната конференција. „Ол-Стар“ натпреварот ќе биде одигра на 20. февруари во Кливленд. Ова е четврта година во низа Јокиќ да биде дел од овој спектакл.
Тимот на Западот како капитен повторно ќе го предводи Леброн Џејмс, а по гласовите на навивачите, играчите и новинарот во тимот место добија уште: Стеф Кари, Ендрју Вигинс и Џа Морант.
Во тимот на Истокот капитен ќе биде Кевин Дурант. Стартната петорка е составена од: Јанис Антотокумпо, Џоел Ембид, Демар Дерозан и Трае Јанг.
Играчите кои ќе почнат од клупата ќе ги изберат тренерите и ќе бидат познати на 3. февруари.