
Претседателот на Судскиот совет Бранко Ушковски најави дека покрај огласот за избор на тројца судии во Врховниот судденеска ќе се објави и оглас за избор на судии во основните судови, за завршените кандидати од 5-та генерација на Академијата за судии и јавни обвинители, кои ја заокружија нивната двегодишна обука за судии, со што веднаш се подготвени да бидат вклучени во професијата, а истовремено и да се соочат и со предизвиците кои ќе ги носи нивната судиска функција.
На денешната седница се усвои и Правилникот за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судиите во Република Македонија.