
Пратениците Горан Мисовски, Фросина Ташевска Ременски и Весел Мемеди денеска се избрани за потпретседатели на Собранието на Република Македонија.
Изборот на тројцата потпретседатели помина без дискусија, гласањето беше поединечно, а тие беа избрани со минимум потребните 61 глас „за“, откако претходно едвај се обезбеди кворум. Кворумот беше обезбеден со доаѓањето на претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваа на седницата, бидејќи го бојкотираат Собранието и се против зголемување на бројот на потпретседатели, зашто, како што велат, целта била да се задоволат потребите на владејачките партнери, а не и реална потреба.
По изборот Мисовски, Ташевска Ременски и Мемеди дадоа свечени изјави.