![катица јанева](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/09/katica-janeva.jpg?resize=675%2C310&ssl=1)
Избраните седум јавни обвинители од тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева, денеска не се појавија да дадат свечена заклетва на седницата на Советот на јавни обвинители. Тоа беше очекувано, бидејќи Јанева пред неколку дена ги повика обвинителите да не се појават на закажаната седница, бидејќи, според неа, таквиот акт би бил само потврда на одлуката на Советот, која е спротивна со Законот за јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Таа побара Советот на јавните обвинители на Република Македонија, да закаже седница и да го избере тимот од јавни обвинители предложен од неа.
Во саботата четирите политички партии, потписнички на договорот од Пржино, се договорија да испратија писмо со кое што ќе се апелира до Советот на јавни обвинители во најкус можен рок да закаже седница на која ќе се расправа и ќе се поддржи предлогот на Специјалниот јавен обвинител за избор на целиот нејзин предложен тим.
Партиите во писмото испратено до Советот на јавни обвинители и до Уставниот суд, бараат Советот в понеделник да ги избере останатите седуммина обвинители од предлогот на Јанева.
Претходно, владејачаката ВМРО-ДПМНЕ соошти дека за да не се случи повторно СДСМ да го бликира договорот и да не се откаже од најавените избори, тие ја дале иницијативата за писмото.
Според првичните информации, писмото утрово стигнало до Советот на Јавни обвинители.