Избришани цените од менито во владиниот ресторан, дали сега министрите ќе јадат бесплатно ?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковки, на социјалната мрежа фејсбук објави нова фотографија од менито во владиниот ресторан, но овој пат на менито нема ценовник.

„Владата ги избриша цените за јадење!

Дали по објавувањето на ценовникот, како реакција, од денеска министрите јадат бесплатно?“ – напиша Стоилковски.

Пред неколку денови, во јаноста беше објавено менито во ресторанот на Владата, кое покажа дека таму се јаде по цени кои се симболични и многу пониски во споредба со цените во рестораните и во маркетите, по што имаше бројни коментари на социјалните мрежи како и од опозицијата.