Издаден налог за апсење на Јанукович

Поради „масовно убиство на мирољубиви граѓани“ е издаден налог за апсење на Виктор Јанукович.

Украина одлучи да се сврти кон Европската унија, но како што порача в.д. претседателот Олександар Турчинов, тие сакаат да имаат и добри односи со Русија.

Според Ројтерс, утринава е издаден налог за апсење на Јанукович.

Во меѓувреме, Европската унија најави дека со 20 милијарди евра ќе помогне за спроведување на реформи во Украина, но дури откако ќе се формира новата Влада во Киев.

Поранешниот украински претседател е во бегство. Според медиумите тој се обидел да избега во Русија, но бил спречен. Се претпоставува дека е во источниот крај на државта.