МВР во изминатите 24 часа издало вкупно 2.165 потврди за барање азил на бегалци, од кои 1.309 на мажи, 303 на жени и 446 на деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и 107 деца кои патуваат без родител.
Најбројни Сиријците
Според државјанството, најбројни се лицата од Сирија, 1.788, потоа од Иран 116, Ирак 98, Авганистан 66, Палестина 47, Пакистан 12, додека другите се во помал број.
За истиот период, не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
Издадени вкупно 62.586 потврди за барање азил
Во периодот од 19 јуни до 6 септември годинава се издадени потврди на вкупно 62.586 странски државјанин, од кои 42.516 мажи, 8.574 жени, 9.994 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште 1.502деца кои патуваат без родител. Најмногу, 50.970, се од Сирија, потоа од Авганистан 3.477, Ирак 2.849, Пакистан 1.741 Палестина 777, Сомалија 571, Бангладеш 428, Конго 323, Нигерија 205, Камерун 160, Еритреја 142 и Етиопија 109, додека останатите се во помал број.
Вкупно 49 барања за азил од законските измени
Од почнувањето на издавањето на потврдите до 06.09.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.