Вкупно 4.501 потврди за остварување на правото за барање азил се издадени во текот на изминатите 24 часа.
Од нив, 1.966 се мажи, 889 жени и 1.297 деца кои се придружувани од носителот на потврдата, а 349 се деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните од Сирија (2.121) по што следуваат државјаните од Ирак (1.642) и Авганистан (738).
Од почетокот на издавањето на потврдите, односно од 19 јуни годинава досега се издадени вкупно 313.656 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Најмногу потврди им се издадени на државјаните од Сирија (183.499), потоа на држајаните од Авганистан (75.505), Ирак (33.211), Иран (6.231), Пакистан (5.416), Палестина (2.158), Сомалија (1.276), Бангладеш (1.253), Мароко (1.317), Конго (514), Алжир (453), Либан (434), Нигерија (279)……
До Секторот за азил во изминатите 24 часа поднесено е едно барање на државјанин на Ирак за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Досега се поднесени 83 вакви барања од кои 55 се од државјани на Сирија, 13 барања од државјани на Авганистан, три од државјани од Пакистан и Ирак, по две барања се од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир и едно барање од државјанин на Египет.
Во Прифатниот центар за баратели на азил во текот на вчерашниот ден евидентирани се вкупно 20 баратели на азил од кои девет мажи, две жени, осум деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба. Дополнително, 12 баратели на азил се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.