Издадени 520 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера на територијата на цела држава санкционираше 520 возачи, кои се движеле со брзина поголема од дозволената.

Од нив, 48 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 246 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 274 надвор од населено место.