Во последното деноноќие издадени се потврди на вкупно 715 странски државјани, од кои 307 се од машки пол, 166 се од женски, 234 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште осум деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан – 318, Сирија – 304 и Ирак – 93.