
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден издало потврди за остварување на правото за барање азил на 1.212 странски државјани, од кои 493 мажи, 269 жени, 439 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 11 деца кои патувале без родител.
Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 713 државјани на Сирија, потоа на 296 државјани на Авганистан и на 203 државјани на Ирак.
Од почетокот на годината издадени се потврди на вкупно 83.188 странски државјани, од кои 33.161 се од машки пол, 18.021 се од женски и 31.808 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 198 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-40.174, Авганистан-26.059 и Ирак-16.952.
До Секторот за азил изминатиот ден не се поднесени барања за признавање на право на азил.