Издадени нови 2.303 потврди за азил

Во изминатите 24 часа издадени се потврди за азил на вкупно 2.303 странски државјани, од кои, 1.261  се од машки пол, 395 се од женски, 443 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 204 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.399, Авганистан –479, Ирак-283, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 15.10.2015 година издадени се потврди на вкупно 143.279 странски државјани, од кои, 92.835 се од машки пол, 19.438 се од женски, 25.364 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 5.642 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-99.903, потоа Авганистан-22.766, Ирак-10.186, Пакистан-3.547 Палестина-1.447, Иран-1.410, Сомалија-794, Бангладеж-784, Конго-431, Нигерија-240, Камерун-207,  Еритреја-200, Етиопија-149, Судан-125, додека останатите се во помал број.

Во последните 24 часа до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на ази.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 14.10.2015 година евидентирани се 4 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 4 баратели на азил (малолетно лице без придружба на старател, малолетно лице  со придружба на старател и двајца  мажи) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.