Министерството за внатрепни работи во текот на изминатите 24 часа издало потврди за остварување на правото за барање азил на 799 мигранти.
Од нив, како што соопшти МВР, 333 се од машки, 164 од женски пол, 295 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и седумдеца кои патувале без родител.
Според државјанството 476 потврди се издадени на државјани на Авганистан, 234 потврди на државјани на Сирија и 89 потврди се издадени на државјани на Ирак.
Од 1 јануари годинава до денеска издадени се потврди за барање на азил на вкупно 83.987 странски државјани, од кои 33.494 се од машки пол, 18.185 се од женски и 32.103 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 205 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 40.408, Авганистан – 26.535 и Ирак – 17.041.
Од 1 јануари годинава до денеска до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Изминатите 24 часа до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информирата од МВР.