Издадени потврди на 316 мигранти од Сирија и Ирак

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден издало потврди за остварување на правото за барање азил на вкупно 316 бегалци, од кои 111 мажи, 76 жени, 127 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и 2 деца кои патуваат без придружба.

Според државјанството, потврди се издадени на 264 државјани на Сирија и 52 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Од 1 јануари 2016. заклучно со вчерашниот ден издадени се потврди на вкупно 88.644 странски државјани, од кои 35.102 мажи, 19.371 жени, 33.951 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 220 деца кои патуваат без родител.

Во текот на вчерашниот ден до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил.