Засега непознат број крокодили е на слобода откако избегале од одгледувалиште од Јужноафриканската Република, соопштија во четвртокот функционерите на владината агенција за зачувување на биоразноликоста.
Младите крокодили, долги меѓу 1,2 и 1,5 метри, избегале низ жичената ограда недалеку од градот Бонивале во покраината Вестерн Кејп во среата, изјавиле за агенцијата DPA, Петра ван Рин, портпаролката на владината за зачувување на биоразноликоста Кејп Начр.
Агенцијата издаде предупредување за локалното население да се држат подалеку од реката Брее додека не бидат фатени сите крокодили.
„Очигледно се многу, многу опасни. Тоа се две животни иако се држени во заточение. Луѓето не смеат да им приоѓаат и треба да се држат подалеку од реката додека сите не бидат фатени“, рекле ван Рин.
Агенцијата заедно со сопственикот на одгледувалиштето, на сопствениците на околните парцели и со полицијата започнача масовна потрага по крокодирале, додала.
Досега се пронајдени 27 крокодили, а непознат број и натаму се на слобода.