Кандидатот за претседател Бујар Османи својата куќа ја има изграденo на диво, изјави опозиционерот Изет Меџити, во интервју за ТВ21.
– Јас, како градоначалник на Чаир, му ја легализирав нему, како и на многу други граѓани. Османи, наместо да плаќа комунални такси по 110 евра за метар квадратен, тој платил 1 евро, што значи самиот тој изградил куќа на диво – изјави Меџити.
Артан Груби и неговите браќа имаат изградено доградба на станови, во Чаир, речиси половина зграда на диво ја изградиле и истите се легализирани, рече Меџити.
За актулниот технички премиер Талат Џафери, Меџити вели дека се однесува како млада невеста.
– Техничкиот премиер без никакви ингeренции, Талат Џафери не е премиер, туку повеќе личи на „млада невеста“ која ја носат да ја претстават пред семејството. Пи-ар му прави Груби со разните негови посети во администрацијатa, изигрувајќи инспектор – рече Меџити.