Водечката бошњачка партија SDА побара во петокот ангажирање на поголем воен контингент на НАТО и ЕУФОР во Босна и Херцеговина поради потезите на властите во Република Српска кои најавија враќање на надлежностие предадени на Федерацијата поради, како што велат во Бања Лука, настојувањата да се укине српскиот ентитет во земјата.
По одржаната седмица на претседателствотона Партијата за демократска акција (SDA), лидерот на партијата Бакир Изетбеговиќ го обвини властите на Република Српска дека ја минале „црвената линија“ со прифаќањето на заклучоците за намерата да ги повратата пренесените надлежниости во областа на одбраната, безбедноста, правосудството и системот за собирање индиректни даноци од федерацијата на ентитетот.
„Ги повикуваме НАТО и ЕУФОР, со својот мандат со зајакнувањето на присуствотот во Босна и Херцеговина, особено во подрачјето на Дистриктот Брчко“, изјави Изетбеговиќ на прес-конференција во Какањ.
Во БиХ во мисија се стабилизациските воени сили распоредни припадниците на ЕУФОР, додека мировната мисија која ја предводеше НАТО е завршена. Сепак, НАТО во БиХ го задржа специјалниот команден центар за координација на активностите во земјата.
Изетбеговиќ го повика и Обвинителството на Федерацијата на Босна и Херцеговина да ги процесура одговорните за, како што оцени, кршењето на Дејтонскиот мировен договор. Челниците на Република Српска, пак, велат дека постапуваат токму според Дејтонскиот договор, а се смета дека барањата кои ги изјави челникот на SDА само ќе ја влоши ситуацијата.
Изетбеговиќ изрази во петокот и очекување дека на неговата партија ќе ѝ се приклучат и други бошњачки партии кои имаат седишта во Сараево во одговор на чекорите на Република Српска. На прес-конференцијата оцени дека имал лоша процена бидејќи првично по потезите на Република Српска и српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик оценил дека сето тоа едноставно „ќе се издува“.
„Додик е непредвидлив, имав лоша процена на почетокот. Се плашам дека Додик ќе го влече јажето додека не пукне. Ако пукне, оние кои ја предизвикаа оваа ситуација најтешко ќе минат“, се загани Изетбеговиќ.
На овие изјави на Изетбеговиќ веднаш реагираше претседателската на Република Српска и висока функционерка на таму владејачката СНСД, Жељка Цвијановиќ нарекувајќи ги „глупости“ неговите барања за засилено ангажирање на трупите на НАТО и ЕУФОР:
„Ги гледата ли овие глупости, на што да реагираат НАТО и ЕУФОР? Да ги дисциплинираат Србите? Тука нема никакви воени интервенции. Изетбеговиќ ја води најпогубанта политика не само во БиХ туки и во регионот“, изјави Цвијановиќ.
Притоа додаде дека Изетбеговиќ претставува „сериозен реметувачки фактор“ во земјата.
„Покрај тоа, Изетбеговиќ е неспособен, без капацитет и зборува за лажна мултиетничност. Ситуацијата во Босна и Херцеговија е болна и треба да се лекува со вистинските средства – со политички дијалог, а не со НАТО“, оцени претседателката на Република Српска.
Повеќе западни дипломати, а во прв ред претставници на американската администрација најавија преземеање санкции и остри мерки кон политичари од Република Срспка доколку продолжат со повлекувањето од државните институции и префрлање на надлежностите на ентитетот.