Изгаснат и последниот активен пожар

Утрово е изгаснат и последниот активен пожар во Македонија. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК) станува збор за пожарот во Македонски Брод, во близина на ЈП „Јасен“.

– Вработените во „Јасен“ поддржани од два воздухоплови од МВР од 08.00 часот работеа на негово целосно догасување, дури и во делот на внатрешното согорување на трупците и опожарените дрвја. Во моментот нема чадење, а воздухопловите се префрлени на страната кон селото Тажево и Брезница, Општина Македонски Брод. Таму во догасувањето на пожарот се вклучени 40 припадници на Армијата, 30 лица од специјалните сили на МВР и 10 пожарникари од ТППЕ Македонски Брод. На тој потег кај Тажево, од страна на градоначалникот на Македонски Брод е вклучена и една градежна машина што работи кон село Тажево. Сè уште дел од пожарот е активен од Тажевскиот Рид кон селото Тажево, но со концентрирано дејство за релативно кратко време се очекува да биде ставен под контрола – велат од ЦУК.

Во последното деноноќие имало вкупно 18 пожари на отворен простор од коишто активен бил само пожарот кај Македонски Брод, пет биле под контрола, а 12 изгаснати.