Интернет сервисот „WEBSTRESSER“, најголемиот криминален пазар за изнајмување на т.н. DDoS напади со над 136.000 регистрирани корисници и повеќе од 4 милиони напади изведени до април годинава бил изгаснат во една од најголемите меѓународни полициски акции.
Во акцијата “POWER OFF“, координирано во штабот на Европол, учествувале националните полициски единици за борба против високотехнолошки напади на Холандија, Велика Британија, Хрватска, Србија, Канада, САД, Германија, Шпанија, Хонг Конг, Шкотска, Италија и Австралија.
Во сите наведени држави биле уапсени администратори кои ги извршувале нападите, а биле запленети и серверите. Хакерите за нарачките наплаќале од 15 долари до 999 долари за ВИП пакети, наменети за лица кои не биле технички потковани за изведување на посложени компјутерски операции. За услугите корисниците плаќале он лајн со картилки, но и со криптовалути.
Во DDoS нападите кои ги овозможувал овој криминален сервис, „напаѓачите“ од далечина, преку интернет управувале со поврзани компјутери, со цел да насочат огромна количина интернет сообрачај на целни веб локации или онлајн платформи. Крајниот резултат на нападот е веб страницата на жртвата да биде забавена до точка на неупотребливот или целосно да бидат уранати од мреќата, со што нивните корисници би биле лишени од основните онлајн услуги.