
Изгаснат е пожарот што избувна попладнево под Скопско кале, на поранешниот полигон за полагање возачки испити, а во кој беа зафатени пет патнички автомобили.
Пожарникарите работат на расчистување на теренот, а присутни се полициски екипи за утврдување на причините.
Ѕвонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, изјави дека интервенцијата на пожарникарите го спречила ширење на пожарот и дека е причинета само материјална штета. Во гаснењето на пожарот беа вклучени четири противпожарни возила и 13 пожарникари, информира Томевски.