
Изгаснат е пожарот што денеска избувна во стан во зградата на улица „Манапо“ во Карпош 3 во непосредна близина на супермаркетот на ВЕРО.
Повредени нема, а полицијата допрва ќе ја утврди причината за избувнување на пожарот, изјави за МИА командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески.
-Пожарот избувна во стан во делот на балконот, во зграда на улицата „Манапо“. Интервенирано е со три противпожарни возила и осум пожарникари и за кратко време истиот е локализиран, посочи Томески.
Тој потенцираше дека и полицијата била присутна и таа допрва ќе ја утврдува причината за настанување на пожарот.