Изгаснат е пожарот меѓу вештачкото езеро Мантово и местото викано 20 километар на регионалниот пат Штип-Радовиш, информираше портпаролот на Центарот за управување со кризи, Илија Бојаровски.
МИА претходно информираше дека на терен со пожарникарите е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, а командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев рече дека пожарот е пријавен околу 14 часот. Во неговото гаснење беа вклучени пожарникари од Штип, Радовиш и од Доброволното противпожарно друштво од Општина Конче.
„Досега на територија на Општина Штип на отворено имаме интервенирано на околу 68 шумски пожари, стрништа, ниско стеблеста шума. Ова е првпат оваа година да се вклучи хеликоптер во гаснење на пожарите во штипско-карбинскиот регион, бидејќи досега успевавме сами да се справуваме и да ги гаснеме пожарите“, изјави Коцев.