Изгаснат пожарот во хотелот „Манастир“ – предизвикана е голема материјална штета

Изгаснат е пожарот што вечерва избувна во поткровниот дел на хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово.

Екипи на Противпожарната единица Берово веднаш по дојавата се упатиле во кругот на објектот каде што е забележан густ чад.

Поради сериозноста на пожарот побарана била помош од околните противпожарни служби и тоа од Делчево и од Кочани.

Во моментов пожарот е изгаснат, а предизвикана е значителна материјална штета.