![gasnenje pozar](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/gasnenje-pozar.jpg?resize=678%2C381&ssl=1)
Големиот шумски пожар во забранетат зона околу нуклеарната електрана Чернобил е изгаснат, но потребни се неколку дена пред целосно да биде изгасен огнот, изјави денеска директорот на украинската Служба за вонредни ситуации, Николај Чечеткин по состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Руската хидрометеоролошка и еколошка служба „Росгидромет“ соопшти дека пожарот што изби на 4 април, не предизвика зголемување на нивото на радијација на територијата на Русија и истата останува во рамките на безбедносните граници.
Во пожарот изгоре голема шумска површина, како и 12 некогашни населби, чии жители беа евакуирани за време на нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година.