Вкупно 9 пожари на отворен простор во текот на вчерашниот ден, а утрово нема активни пожари, информира директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
На територијата на Град Скопје вчера се регистрирани 2 пожари, еден на сува трева и едно запалено ѓубриште, додека во Општините Демир Капија, Градско, Кичево, Охрид, Чешиново – Облешево, Куманово и Старо Нагоричане по еден пожар и главно горела сува трева и ниска вегетација. Сите се изгаснати благодарение на брзата реакција на пожарникарите и не загрозија човечки животи ниту предизвикаа поголема штета.
-Сувоста на вегетацијата секојдневно се зголемува. Сите досегашни пожари во оваа сезона се предизвикани од човек. Најголемиот дел ненамерно, од невнимание, а за неколку постојат сомнежи за намерно палење, нагласи Ангелови.
Тој упати апел до сите граѓани да бидат исклучително внимателни за да не предизвикаат пожар.
-Човек не треба да биде во шума за да предизвика шумски пожар. Доволно е преку прозор од возило да фрли отпушок од цигара кој лесно може да ја запали сувата трева покрај било кој пат а потоа огнот да се прошири до најблиската шума. Мајстор кој работи со брусалица во последните куќи од некој град или село, правење скара на отворено, палење на стрништа (остатоци од жито или други земјоделски култури), иако навидум може да биде далеку од шума, огнот за миг може да се прошири и да навлезе во шума. Особено ако дува ветер. Сејфти фрст, нагласува директорот на ЦУК.
фото: ЦУК