![avstralija pozari](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/avstralija-pozari.jpg?resize=644%2C389&ssl=1)
Изгаснати се двата пожарa што ги зафатија атарот на селото Цера и Медарско маало во селото Дулица. Во пожарот кај селото Дулица, како што информираа од Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица, зафатени се 2,5 хехтари дабова шума.
– Пожарот е ставен под контрола, односно локализиран, а потоа и целосно изгаснат од страна на нашите припадници и двајца вработени во Национални шуми „Делчево“, изјави Малин Трајчевски, командир на ТППЕ Македонска Каменица.
Претходно, за кратко време изгаснат е и шумскот пожар во селото Цера.
Од ТППЕ упатија апел до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено, поради непредвидливите временски услови со моментална појава на силен ветар, како и поради вонредните услови во кои функционира единицата односно нејзината вклученост во спречување на ширењето на заразата со Ковид 19.