На чешката Влада попладнево ѝ беше изгласана доверба откако опозицијата побара да се стави на тест власта, во обид да го смени премиерот Андреј Бабиш, поради истрагата за злоупотреба.
Предлогот на опозицијата за гласање недоверба не ги доби потребните 101 глас во Долниот дом на парламентот, во кој има вкупно 200 пратеници, објави „Ројтерс“.
Резултатот од гласањето, пишуваат тамошните медиуми, беа очкеувани бидејќи Социјалдемократите од левиот центар, кои се партнери на партијата АНО на Бабиш во малцинската Влада, како и Комунистичката партија претходно оваа недела одбија да гласаат со опозицијата.