Изгоре 65 годишна жена во станот од пожар

На 31.10.2020 во 07.05 часот во СВР Тетово, Т.А.(38) од Гостивар пријавил дека во зграда на ул. “Илинденска,, во Гостивар, во која што е управител, во текот на ноќта настанал пожар во стан при што внатре била пронајдена мртва З.А.(65) од Гостивар, а како последица на опожарувањето. Увид на местото на настанот извршил јавен обви-нител и екипа од Полициска станица Гостивар.