Децата плачеа, врескаа и се гушеа. Ова го посочува една од патничките во автобус на транспортната компанија „Расто турс“, што во целост изгорел додека превезувал повеќе од 50 патници од грчкото летувалиште Парга во Белград, јавува српски „Курир“.
За среќа, никој од патниците, во несреќата што се случила во понеделникот не е повреден, но многумина останале без багажот. Како што раскажуваат очевидци, пожарот пуквално избувнал половина час откако автобусот тргнал од Парга, а се на се за неколку минути бил во целост проголтан од пламените јазици. Инаку, автобусот го изнајмила туристичката агенција „Аква травел“ и другиот дел од патниците се возел токму во автобусот на оваа агенција, веднаш пред изгорениот автобуст на „Расто турс“.
Набрзо откако тргнавме забележавме дека автобусот на „Рато Турс“ почна да часи. Нашите возачи веднаш излегоа и се обидоа да го изгаснат пламенот со апарат за гаснење пожар. Меѓутоа, огнот стануваше се посилен и се ширеше со неверојатна брзина. Патниците за среќа, успеаја да излезат на време, но мислам дека околу 80 отсто од багажот изгоре, раскажува еден од дописниците на српски „Курир“, кој бил меѓу патниците во вториот автобус.
Децата плачеа, врескаа и се гушеа
Патничката Марија Савчиќ вели дека се плашеле да не дојде до експлозија.
Од туристичката агенција не уверуваа дека во автобусот има нафта и дека таа може само да се запали. Тврдеа дека пожарот настанал затоа што на моторот на автобусот се истурило маслиново масло. Децата плачеа, врескаа и се гушеа во чадот додека родителите ги изнесуваа од возилото, се присеќа Марија.
Не се знаат точните причини за пожарот
Пожарот го гаселе три пожарникарски возила. Во агенцијата „Аква травел“ вчера тврделе дека не знаат за изгорениот автобус и дека изјава може да се добие од директорот кога ќе се врати од пат. Во „Расто турс“ тврдат дека сите автобуси поминуваат голем технички преглед два пати годишно и дека механичарите дополнително ги прегледуваат по потреба.
Не ја знаеме причината за пожарот, го чекаме извештајот од полиција, велат од „Расто турс“.