Изгоре автомобил и на чувар во „Идризово“ – за шест месеци запалени возилата на петмина вработени

Ноќеска по полноќ е запален „мерцедес“, сопственост на чувар од затворот „Идризово“. Ова е петто возило во шест месеци што изгоре под чудни околности. Неофицијално, сомнежите се дека како и во сите претходно, така и во овој автомобил, пожарот е подметнат. Истрагата оди во насока дека нарачките за палење на автомобилите доаѓаат од затвореници.
„Мерцедесот“ бил паркиран во дворот на чуварот. Пожарот се случил два часа по полноќ во скопско Ново Село. Чуварот вработен во „Идризово“ го забележал пожарот и реагирал бргу.
„Љ. К. сам го изгаснал пожарот, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Палењето на автомобилите доведе до акција во полуотворениот дел на „Идризово“ со асистенција на специјалци. Двајца затвореници, кои според Управата имаат проблематично донесување, биле преместени во затворениот дел.
Меѓу последните случаи беше и запалениот автомобил на заменик-директорот на „Идризово“.