![zapalen-avtomobil](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/zapalen-avtomobil.jpg?resize=696%2C408&ssl=1)
Во средата вечерта околу 21,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 21.00 часот во селото Грчец, скопско, настанал пожар во патничко возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на 25-годишниот локален житеч С.К.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид извршен.