Вчера во противпожарната единица во Охрид било пријавено дека на улицата АРМ во бараката на 76-годишниот Ѓ.В. настанал пожар кој ја зафатил покривната конструкција, а најверојатно настанал поради самозапалување на оџак.
За среќа нема повредени лица. Дополнително ќе се утврдува штетата.