Ноќеска изгоре бараката на јавното претпријатие Улици и патишта Скопје која се наоѓаше во близина на ТЦ Буњаковец. Целата документација на претпријатието е уништена. Изгорени се и два автомобила што биле паркирани до бараката.
Причините за пожарот засега не се познати.
Фото: МКД.мк