Изгоре куќа во Иловица, струмичко

Синоќа во 21:15 часот изгоре куќа во село Иловица, струмичко. Според информацијата од ТППЕ Струмица во гаснењето на пожарот учествувале три против пожарни возила и 10 пожарникари.

-Пожарот во поголем дел беше изгаснат од месното население. По пристигнувањето извршена е контрола и изгаснати се некои жаришта низ просториите на куќата, се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.

Причинета е поголема материјална штета, а причината за пожарот ќе се утврдува.