Изгоре куќа во Аеродром

Противпожарната единица на Град Скопје ноќесна интервенира на гаснење пожар во куќа на булеварот Македонска бригада број 3 во Скопје. Пожарот зафатил куќа, при што се опожарени 40 квадратни метри и според првичните процени, предизвика е материјална штета од еден милион денари.

Пожарот бил гаснат од 20.35 до 2.15 часот изутринава. Интервенирано е со 6 возила и 12 пожарникари.

Од МВР информираат дека сопственикот на куќата О.Е. (62) бил приведен затоа што им ја попречувал работата на пожарникарите.

„Бидејќи сопственикот, кој бил под дејство на алкохол и го нарушувал јавниот ред и мир, им ја попречувал работата на припадниците на Бригадата за противпожарна заштита, бил приведен во Полициската станица Аеродром. Увид на местото ќе се врши во текот на денот“, соопштија од МВР.