Според командирот на ТППЕ Делчево Јонче Атанасовски, на територијата на Делчево има 24.000 хектари шума од прв степен на загрозенот, а само последниве три дена во три големи шумски пожари изгореа околу 100 хектари.
Најголем проблем при интервенција на големи шумски пожари, потенцира Атанасовски, е неопременоста со соодветни возила.
Располагаме со возила стари и над 40 години. Тие не се за гаснење шумски пожари. Дирекцијата за заштита и спасување никако не сака да додели соодветно возило за гаснење шумски пожари. Такви возила добиле другите ТППЕ од регионот, но од неразбирливи причини не се доделува возило на Делчево. Затоа е и отежнато гаснењето, а кога немаш соодветна опрема, тогаш ризикуваш човечки животи, но и интервецијата задоцнува. Таков, беше пожарот пред два дена, од висок ризик, рече Атанасовски.
Деновиве, информира, повторно ќе биде испратено барање до Дирекцијата за донација.