Во Штип на улица „Борис Данев“ вчера настанал пожар во куќата на Г.Ч. (40) при што била зафатена кровната конструкција и предниот фасаден дел од куќата, а потоа била зафатена и кровната конструкција на соседната куќа сопственост на Т.С. (44), информира МВР.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип.