Ноќеска околу 4 часот избил пожар во две возила паркирани во населбата 8-ми Ноември во Штип. Полицијата и истражните органи излегоа на терен, каде се испитува дали се работи за намерно опожарување, објави ММС.
Прво се слушнала експлозија од џип со странски регистерски таблички, сопственост на штипјанец. Според сведоштвата на очевидците, претпоставка е дека од огнот на џипот се запалило и возилото што било паркирано до него.