
Зборувајќи за новиот најавен проект за изградба на 140 нови градинки, од кои 100 ќе бидат комплетно нови објекти, а 40 пренаменети и реновирани, Хот вели дека тоа е навистина ќе се одрази позитивно за градежните компании.
-Сето тоа е голем градежен зафат во повеќе региони на нашата држава во кој ќе се вклучат голем број на компании и ќе се ангажираат голем број на работници, додава Хот.
Сите параметри, додава тој, покажуваат дека градежништвото и во иднина ќе биде двигател на економскиот раст во Македонија.
-Последниот квартал покажува 33% раст во градежниот сектор, но вакви нови мега проекти каде што директно е вклучено градежништвото придонесуваат за уште поголем раст и сме повеќе од сигурни дека и во идниот период градежништвото ќе биде двигател на економскиот раст, заклучува Хот.