Изградбата на Коридорот 10, еден од најзначајните автопати во Македонија, кој ги поврзува Грција и Австрија, не само што ќе го олесни сообраќајот во државата и ќе биде одличен бенефит за жителите од овој крај, отвара и нови работни места. За изведувањето на градежните активности потребни се 350 искусни работници на кои им се нудат одлични работни услови.
Компанијата „Актор“ со цел да го интензивира успешниот тек на проектот Коридор 10 за изградба на делницата Демир Капија – Смоквица во „Дневник“ објави оглас за вработување на 350 работници со работно искуство на различни градежни проекти како поставување мостови, високи и гарабитни конструкции и нивно следење. Бидејќи се работи на висина од 100 метри, од работниците се бара да бидат во одлична психофизичка состојба, да немаат страв од висина и да бидат подготвени да работат во ветровите опкружување.
Од компанијата „Актор“, докажана комапнија од градежната индустрија во регионот, со работата на овој прокет работниците ќе можат да се стекнат со одлично искуство бидејќи тие се насочени кон континуирано обучување на својот персонал.
Досега, за изградба на Коридор 10, тие имаат вработено 450 лица, но за потребите на овој значаен проект потребни им се уште работници.
Проектот за изградба на автопатот на Коридорот 10, на делницата Демир Капија – Смоквица е проект со кој се предвидува изградба на нова модерна автопатска делница Демир Капија – Смоквица, во должина од 28.18 км, во согласност со европските стандарди, со што ќе се комплетира главната оска од Коридорот 10 која поминува низ Република Македонија. Заради комплексноста на теренот на кој ќе се извршуваат градежните работи, проектот е оценет како доста сложен и опфаќа изградба на мостови, тунели, надвозници и патни јазли.
Коридорот 10 е најзначајниот елемент на централната транспортна мрежа која ги поврзува Република Грција со Австрија. Неговата должина изнесува 1,451 км. Вкупната инвестиција за изградба на оваа делница е 271 милион евра од кои 130 милиони се од Европската инвестициска банка, 45 се ИПА грант на Европската унија, 107 милиони евра се од Европската банка за обнова и развој и шест милиони евра од Буџетот на Република Македонија.
Со изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица, целосно ќе биде заокружена изградбата на Коридорот 10 на ниво на автопат.
Инаку, вчера започнаа и градежните активности на Кородиор 8, инвестиција вредна над 50 милиони евра. Железничката делница од Куманово до Бељаковце е со должина од 30,8 километри и претставува прва од вкупно трите делници на пругата од меѓународниот железнички Коридор 8, која треба да ја поврзува Република Македонија со Република Бугарија, почнувајќи од Куманово преку Бељаковце, Крива Паланка до Деве Баир, односно до границата со Република Бугарија.