Немало контакт од петокот со Хашем Сафиедин, потенцијалниот наследник на убиениот лидер на Хезболах, Саид Хасан Насрала, изјавил во саботата либански безбедносен извор по израелскиот воздушен напад, наводно, насочен кон Сафиедин, пенесува Reuters.
Во кампањата против либанското шиитско движење поддржувано од Иран, Израел во четвртокот навечер изврши голем напад врз јужните предградија на Бејрут, а американската веб-страница Axios цитираше тројца израелски официјални претставници дека целта на нападот бил Сафиедин, кој според нивните информации бил во подземен бункер.
Либански безбедносен извор и два други либански безбедносни извора изјавиле за Reuters дека израелските напади во петокот врз Дахија, станбено предградие, некогаш раздвижено и густо населено подрачје на Бејрут кое се смета за упориште на Хезболах, ги оневозможиле спасувачите да го пребараат местото на нападот. Големи делови од населбата беа претворени во урнатини, поради што жителите побегнаа во други делови на Бејрут или Либан.
Во северен Израел, сирените објавија тревога за воздушен напад што го испрати населението да поита кон своите засолништа поради ракетниот оган од Либан. Споре израелската армија, кон израелската територија од Лобан биле истрелани 130 проектили.
Хезболах сè уште не објави никаков коментар за субината на Сафиедин.
Израелскиот потполковник Надав Шошани во петокот рече дека војската сè уште ги проценува последиците од воздушните напади во четвртокот вечерта. Додаде дека нивна цел бил разузнавачкиот штаб на Хезболах.
Евентуалното губење на потенцијалниот наследник на Насрала може да му нанесе дополнителен удар на Хезболах и неговиот покровител Иран, според процените на израелските и американските аналитичари. Израелските напади во регионот минатата година, кои нагло се забрзаа во последните недели, го десеткуваа раководството на Хезболах.
Овие последни израелски напади елиминираа голем дел од високото воено раководство на Хезболах, вклучувајќи го и главниот секретар на Насрала, кој беше убиен во воздушен напад на 27-ми септември. Меѓутоа, тоа очигледно не ја намали борбената способност и решителност на оваа шиитски милиција, бидејќи израелски извори потврдуваат за жестоки копмени судири во јужен Либан, а во некои случаи израелските единици биле принудени да се повлечат на почетните позици зад границата.
Во израелскиот напад загинаа стотици Либанци, вклучително и многу спасувачи, а 1,2 милиони луѓе, што е речиси една четвртина од населението, беа принудени да ги напуштат своите домови. Либанското Министерство за здравство објави во саботата дека најмалку 25 лица загинале, а 127 се ранети во израелските напади еден ден претходно.