Акустична гитара со 12 жици за која се веруваше дека е изгубена, а која му припаѓала на покојниот Џон Ленон ќе биде понудена на аукција на 29-ти мај, откако неодамна беше пронајдена на таванот од една куќа во Велика Британија.
Аукционерите велат дека на гитарата на албумот „Help!“ на легендарните The Beatles од 1965 година свирел Ленон и се очекува да ја надмине првично очекуваната цена од 600.000 до 800.000 долари.
Гитарата лежела заборавена на таванот, а при преселбата ја пронашле сегашните сопственици на куќата.
Аукциската куќа Julien’s Auctions, со седиште во САД, соопштија дека отпатувале во Британија за да ја прегледаат и проверат состојбата на гитарата, но таму во ѓубрето го нашле оригиналното куќиште за гитарата „Maton“ од австралиско производство.
Мартин Нолан, директор и коосновач на Julien’s Auctions, изјави за Reuters дека сопствениците знаеле дека „некаде“ го имаат вредниот инструмент, но мислеле дека е изгубен.
Се верува дека гитарата завршила во нивна сопстввеност преку британскиот музичар Гордон Валер, член на поп-дуото Peter and Gordon од шеесетите години на минатиот век.
„Гордон ја добил како подарок од Џон Ленон, а потоа ја подарил гитарата на својот менаџер кој се грижел за патувањата. Гитарата беше со него сиве овие години”, рекол Нолан.
Веб-страницата наведува дека гитарата ќе се најде на аукција на 29-ти мај во њујоршкото кафуле „Hard Rock Cafeu“.
Музичките инструменти на членовите на познатите Битлси достигнаа високи цени на претходните аукции. Во 2015 година, гитарата, која беше украдена од Ленон во шеесетите, беше продадена на аукција во Калифорнија за 2,41 милиони долари.