
Националистичката коалиција предводена од претседателот Хашим Тачи и неговата Демократска партија на Косово (PDK) освоила мнозинство гласови на предвремените парламентарни избори во неделата, покажуваат излезните анкети.
Коалицијата на Тачи добила 40,5 отсто од гласовите, се наведува во објавените резултати од излезната анкета на телевизијата Klan Kosova ТV.
Во оваа коалиција произлегува од „военото крило“, наречена PAN, а во којашто покрај DPK на Хашим Тачи, се и Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај, Иницијативата за Косово на Фатмир Љимај и девет помали партии.
На второто место е движењето Саоопределување со 29,9 отсто од гласовите, а коалицијата на премиерот Иса Мустава е на третото со 27,2 отсто.
Изборната комисија соопшти дека одѕивот бил 41,4 отсто, најнискиот кога е и да е забележан на Косово. Набљудувачите велат дека тоа покажува оти гласачите се разочарани од политичари коишто воопшто ниту започнаа да ги решаваат прашањата како што се високата стапка на невработеност, големиот процент на сиромаштијата, корупцијата и злосторствата.
Странските и регионалните аналитичари велат дека овие избори се важни бидејќи може да го комплицираат посакуваниот процес на помирување во регионот кој уште ги чувствува последиците од деценијата војни започнати во поранешна Југославија во 1991 година. Во прв ред, победата на оваа коалиција би можела да доведе до јакнење на тензиите со Србија