Излезноста до 11 часот е 16,46% – до ДИК пристигнале два приговори

До 11 чaсот од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места, гласале 743 односно 16.46%, информираат од ДИК за денешното прегласување за парламентарните избори.

Според соопштението, во ИМ 2101 во Желино гласале 205 гласачи односно 20.64%. Во ИМ 1194 во Крушево, гласале 87 гласачи односно 18.55 %.

Во ИМ 1202 во Крушево, гласале 35 гласачи односно 11.74 %. Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 156 гласачи односно 21.94 %.

Во ИМ 1470 во Долнени, гласале 83 гласачи односно 12.61 %. Во ИМ 1470/1 во Долнени, гласале 31 гласач односно 4.91%.

Во ИМ 1844 во Струга, гласале 146 гласачи односно 19.39 %.

Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 11 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 5.35% на овие избирачки места.

-До Државната изборна комисија се пристигнати два приговори за заштита на личното избирачко право за ИМ 1470 во Долнени, појаснуваат од оттаму.