![dik-ljupka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/10/dik-ljupka-1.jpg?resize=543%2C320&ssl=1)
До 17 часот гласале 43,89% од гласачите во општините каде има втор круг од локалните избори.
Најголема излезност е забележана во Демир Капија каде гласале 76,59% од гласачите. Најмала излезност има во Шуто Оризари каде гласале само 31,76%.
-Според 99,21 отсто од обработените податоци, излезноста на денешниот втор круг од локалните избори до 17 часот на ниво на Македонија е 43,83 отсто, соопшти попладнево портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска.
Гугучевска на прес-конференција рече дека гласањето тече непрекинато освен на две избирачки места, во општините Бутел и Шуто Оризари каде што имало прекини поради технички дефект на УВ ламбите, но не подолги од половина час, поради што и таму гласањето ќе заврши во 19 часот.